Фудбал

НАВИВАЧ СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ ПРЕКИНА МЕЧ, ЏАБЕ ТРЧАА ДА ГО ФАТАТ (ВИДЕО)

Невообичаена сцена се случи за време на натпревар од третата полска фудбалска лига помеѓу Стал Сталова Вола и резервниот тим на Легија Варшава кој заврши со победа на домаќините со 3:2. Додека траеше мечот, непчекувано млад човек на електричен тротинет влезе на теренот во судиското надополнување, привремено прекинувајќи ја играта.

Наместо вообичаеното втрчување на навивач на теренот, овој непоканет гостин одлучи да направи круг низ теренот, оставајќи ги играчите и судијата да гледаат со целосно запрепастување. Службата за обезбедување брзо реагираше и тргна во потера по него, но тој беше многу побрз од нив.