МУРИЊО: СОБЛЕКУВАЛНАТА Е КАКО ЛАС ВЕГАС – ОНА ШТО СЕ СЛУЧУВА ТАМУ, ОСТАНУВА ТАМУ
Објавено на: 25.11.2026
Реал Мадрид со спектакуларно второ полувреме го совлада ПСВ Ајндховен со 5-1 во Лигата на шампионите, откако на паузата имаше негатива од 0-1. „Кралевите“ постигнаа пет гола во продолжението и стигнаа до максимални 15 бода, со кои се осамени на врвот на табелата. ПСВ останува на четири бода.
Тренерот Жозе Мурињо беше задоволен од реакцијата на тимот, нагласувајќи дека пресудни биле промената на пристапот и влегувањето на Џуд Белингам.
„Во првото полувреме не го пронајдовме ритамот, губевме дуели и не притискавме доволно. По паузата го подигнавме пресингот и игравме со повисока одбранбена линија. Менталитетот беше клучен“, истакна Мурињо.
Португалецот во свој стил одговори и на прашањето што им кажал на фудбалерите во соблекувалната на полувремето.
„Соблекувалната е како Лас Вегас – она што се случува таму, останува таму. Разговаравме, ние сме пријатели и дискутиравме за сè“, порача тренерот на Реал.