Фудбал

КИВУ: ДЕРБИТО ПРОТИВ МИЛАН Е ПОСЕБНО, НО НЕ Е РЕШАВАЧКО ВО ТРКАТА ЗА ТИТУЛА

Последниот пат кога Кристијан Киву загуби натпревар во Серија А како тренер на Интер беше против Милан и тоа се случи на 8 март оваа година. Сега, италијанските шампиони повторно се соочуваат со својот градски ривал, противник кого Нераѕурите не успеале да го победат на седум последователни натпревари, во период од две години.

Како тренер на младинскиот тим на Интер, Кристијан Киву остана непоразен против Милан, остварувајќи две победи и четири нерешени резултати. Сепак, со првиот тим тој сè уште нема забележано победа, откако претрпе два со по 1:0 во дуелите од минатата сезона.

„Во дерби натпреварите нема фаворити – постојат само гордост и амбиција. Притисокот е присутен кај сите, знаеме што значи да се победи или да се загуби. Но, не треба премногу да се задржуваме на работи што ни ја црпат енергијата“, изјави Киву, додавајќи дека резултатот од дербито не е решавачко во трката за титулата.

„Ова е дури десеттото коло. Минатата сезона ни покажа дека едно дерби не мора нужно да биде одлучувачко. Тоа е натпревар во Серија А каде што секогаш игра игра се три бода. Иако секако постои потенцијал тоа да биде голема пресвртница, во позитивна или негативна смисла, историјата покажува дека честопати не е така. Ако не грешам, Милан нè победи, а веќе во следното коло загуби од Лацио. Мораме да одиме натпревар по натпревар. Во дерби натпреварите се вклучени многу други фактори: гордост, одлучност и поддршка од навивачите. Ако не победите, одеднаш се соочувате со проблеми што би сакале да ги избегнете. Но, долг е патот од зборови до дела – морате да се докажете на теренот. Што се однесува до нас, едноставно мораме да го дадеме максимумот на овој меч“, заклучи Киву.

Францускиот напаѓач Маркус Тирам е играчот кој моментално е во најдобра форма во тимот на Интер. Тирам постојано постигнува клучни голови, обидувајќи се што е можно подобро да го покрие отсуството на поцредениот Лаутаро Мартинез.