Фудбал

БРАХИМ ДИЈАЗ ОСТАНУВА ВО РЕАЛ МАДРИД ДО 2031 ГОДИНА

Реал Мадрид и Брахим Дијаз ќе ја продолжат соработката најмалку до 2031 година, откако мароканскиот фудбалер официјално стави потпис на нов договор со шпанскиот гигант. Претходниот договор му истекуваше во 2027 година.

Дијаз пристигна во Мадрид во 2019 година од Манчестер сити, како 19-годишен фудбалер, во трансфер вреден 15 милиони фунти со вклучени бонуси. Во текот на кариерата во Реал, три сезони мина на позајмица во Милан, пред да се врати и повторно да се наметне во тимот.

Досега има 173 настапи за „кралевите“, со кои освои седум трофеи. Во неговата колекција се по една титула во Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа, како и две шампионски титули во Шпанија и два трофеи во Суперкупот на Шпанија.