КОН КОГО СЕГА ВО ВПЕРИ ПРСТОТ, МУРИЊО?
Објавено на: 15.10.2022
Жозе одамна не е во елитната група на тренери, кои седат на клупите на гигантите на европскиот фудбал. Епизодите кога ги освојуваше вредните европски титули со екипите на Порто, Интер и Манчестер Јунајтед се одамна заборавени. Рома со КЛ го одржува во живот.

Рома ремизира 1:1 со Бетис и е во опасност во Лига Европа, со само 4 бода на третата позиција во рамките на Група Ц, по 4 одиграни кола во второто по ранкинг континентаклно натпреварување. Составот на Мурињо може да испадне во Конференциската лига.
Го гледам Бетис како кандидат за највисок пласман, но се плашам од ајклулите кои нема да успеат во Лигата на шампионите. Кога тие ќе дојдат, а ќе налетаат со сета сила, ќе биде тешко да се игра. Според мене, не би требало да доаѓаат. Но, реалноста е таа, едноставно треба да живееме во неа. Мислам дека ќе биде интересно со неуспешните од ЛШ.
Во светот на фудбалот моментално постојат богати, помалку богати и сиромашни. Последниве играат еднаш неделно и толку. Богатите може да играат секој ден и да менуваат по 10 фудбалери на секој натпревар. Оние во средината, во кои моментално се врбојувам и јас, имаат просечни амбиции, но треба да одиграат исто толку мечеви како и богатите.

Се вади ли повторно Мурињо и подготвува ли терен за евентуален неуспех со римската волчица, или зборува најреално од сите останати тренери кои воопшто не ја допираат оваа тема, туку си го чуваат столчето не кое седат, без разлика што може да бидат жртвувани за само еден момент?
