САЛАХ СО НАЈБРЗИОТ ХЕТ-ТРИК ВО ИСТОРИЈАТА НА ЛШ
Објавено на: 12.10.2022
Египетскиот интернациоланец влезе во игра одклупата за да постави рекорд во Лигата на шампионите. Иако неговата екипа водеше со 3:1 против Ренџерс, сепак Јурген Клоп почувствува дека треба да му даде шанса на Мо Салах, а овој ја оправда довербата.

Првата ѕвезда на Ливерпул постигна три гола за пет минути – во 76, 80 и 81-та минута, што е најбрзиот хет-трик во историјата на ова натпреварување. Салах го надмина достигнувањето на Гоми во 2011-та кога Лион го демолира Динамо во Загреб со 1:7.
MO SALAH 6-1
Hat trick in 13 minutes! pic.twitter.com/pNrwYoOwLC
— Viktor Fagerström (@ViktorFagerLFC) October 12, 2022
Скорот е ист и на мечот меѓу англиската и шкотската екипа. Рекордот претходно беше 8 минути, а сега е три гола за неверојатни 5 минути. Се враќа ли Ливерпул во форма, во сезоната во која се соочува со многу повреди и со лоша адаптација на засилувањата?