Тенис

ТЕНИСОТ ВО СРБИЈА УМИРА

Лидерот на АТП листата не ги криеше неговите негативни впечатоци од актуелната состојба на овој спорт во неговата родна Србија, нагласувајќи дека академијата која тој ја отвора, има за цел и задача да го промени ваквиот тек на нештата во белиот спорт:

Тенисот во Србија умира. Можеби тоа некој го гледа поинаку. Пред околу 10-15 години имавеме 8.500 тенисери, денес имаме двојно помалку. Нашиот клупски тенис не е на нивото на кое беше некогаш. Тоа е основата за развојот на еден спорт во една земја – квалитетни колективи, односно клубови. Сакаме да им дадеме на децата вистински услови, да може да се натпреваруваат, да создаваат пријателства и ривалства.