Соопштенија

НЕСЕКОЈДНЕВНОТО УЖИВАЊЕ НА САНТИЈАГО БЕРНАБЕ ЌЕ ГО ПАМЕТИМЕ ДОЖИВОТНО

Двајца љубители на фудбалот имаа прилика да доживеат нешто што е привилегија само на најсреќните и на најхрабрите. Тие „победија“ во натпреварот кој го организираше Златна копачка односно имаа тикет со најголем погоден коефициент, но со еден промашен пар на него и отпатуваа за Мадрид, на реванш 1/8 финалниот дуел меѓу Реал и ПСЖ.

Со гол негатива во мрежата и не толку сјајна форма во европското натпреварување, многумина го отпишаа мадридскиот тим и веќе го видоа францускиот во 1/4 финалето на Лигата на шампионите. Сепак, спортот уште еднаш покажа дека не е математичка равенка, туку дека конечниот исход зависи од многу фактори.

Еден од факторите кои пресудија за конечниот победник, беше шампионската ДНК на Кралскиот клуб.

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ беше несекојдневно резултатско доживување за сите љубители на фудбалот крај малите екрани, но како го доживеавте вие на Сантијаго Бернабеу?

Како љубители на фудбалот и симпатизери и на двата клуба кои се соочија таа вечер, во елиминациската фаза во Лигата на шампионите, за нас овој натпревар беше вистински погодок и остварување на една од животните желби на секој љубител на спортот. Симпатиите малку повеќе ни се наклонети кон Реал Мадрид, а доживувањето беше збогатено со атмосферата на стадионот, домот на најтрофејната европска фудбалска екипа.

Кој момент би го издвоиле како уникатен, од целото патување?

Уникатен беше целиот ден. Од станувањето утрото, па барањето превоз до Плаза Мајор, па потоа до стадионот… Едноставно, мислам дека целиот град живееше за тој настан. Мадрид го сака фудбалот и го заслужува Реал. Како највозбудлив, би го одвоил моментот кога со следење на полиција доаѓаа навивачите на ПСЖ и ги внесуваа во стадион. Во тие моменти, француските навивачи поминуваа токму покрај нас, па можеше да се почувствува и дел од енергијата што тие ја пренесуваа на трибините, која секако придонесе за вкупната слика на гледалиштето на култниот спортски објект.

Кој играч ви остави најголем впечаток во реваншот?

Несомнено тоа беше Карим Бензема од екипата на Реал Мадрид, стрелецот на трите гола. Францускиот репрезентативец практично сам го направи прествртот, иако во тимската игра никогаш не треба да се истакнува поединецот. Со погодоците, Бензема директно влијаеше на амбиентот на трибините. Фудбалот без публика, едноставно не е фудбал, а таа вечер, гледавме атомски натпревар.

Кој е вашиот фаворит за освојување на ЛШ сезонава?

Дефинитивно, наш фаворит за освојување на големиот ушко, пехарот во Лигата на шампионите е екипата на Реал Мадрид. Ова го велиме прво од симпатии, или условно речено како навивачи на Реал Мадрид, а потоа поради реалниот играчки капацитет кој го поседува оваа екипа. Сила која ја демонстрира на теренот, е уникатна и несекојдневна. И ПСЖ е добар тим, меѓутоа Реал Мадрид, особено во второто полувреме, во делот од 60-та до 80-та минута го покажа своето вистинско победничко и шампионско светло.

Дали сте задоволни од организацијата од Златна Копачка и дали повторно би учествувале во вакви натпревари?

Искрено, јас лично, но и мојот татко сме премногу задоволни, не само затоа што победивме во натпреварот и отпатувавме за Мадрид, туку воопшто од оваа и од сличните шанси кои ги пружа тимот на Златна копачка. Ние двајца немаме прекинато со играње вакви натпревари и секогаш сме силно загреани за учество во нив. Сакаме да му се заблагодариме на тимот на Златна копачка, затоа што ни овозможи едно вакво прекрасно патување, кое долго време ќе го паметиме.