Фудбал

ТРЕБАШЕ ЛИ КЕПА ДА ВЛЕГУВА ВО ИГРА?

Од оваа перспектива е лесно да се коментира, уште полесно да се трола, потегот на Томас Тухел кој реши да го внесе во игра резервниот голман, кој пак промаши цел стадион во пенал-рулетот и трофејот во Лига Купот го освои екипата на Ливерпул.

Фотографијата на денот е утехата која соиграчите му ја пружаат на Кепа. Неговите настапи во минатото имаа слично сценарио, кое некогаш успеваше. Дали сега требаше тој да влегува во игра, или требапе Менди да си ја одработи задачата до крајот?