ДЕ БРУИНЕ ПОТФРЛА СЕЗОНАВА?
Објавено на: 05.11.2021
Ѕвездата на Манчестер Сити и еден од најскапите фудбалери на денешницата, кој заработува 300.000 фунти неделно со тенденција неговата плата да порасне на 400.000 фунти за една недела, не може да ја пронајде формата на стартот на натпреварувачката година.
Кевин Де Бруине има само една асистенција, во досегашниот тек на сезоната. Повредите го одиграа своето. Само еднаш одигра цел натпревар во Премиерлигата. Минатата сезона заврши со елиминација на ЕП со неговата селекција, кога сите ги гледаа на тронот.

Еден од оние кои признаваат дека мозокот на екипата од синиот дел на Манчестер не игра според очекувањата, на почетокот на новата кампања, е тренерот креатор на оваој состав од фудбалски виртуози, чиј голем миленик е тоокму белгискиот интернационалец:
Не може да се игра на врвно ниво во текот на целата сезона или кариера. Има подеми и падови. Тој најдобро знае дека може да игра подобро.

Откако е дојден во Премиерлигата, Кевин Де Бруине е најдобриот креативец во шампионатот, со оглед на тоа дека има создадено најмногу шанси во овој период. Никој нема повеќе асистенции од него. Дали Сити треба да се загрижи пред викенд-дербито со Јунајтед?