Фудбал

РОНАЛДО НЕ ПОСТИГНА ГОЛ, НО АЛ-НАСР СРУШИ СВЕТСКИ РЕКОРД!

Фудбалерите на Ал-Наср забележаа минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Ал-Хазем, но иако Кристијано Роналдо не успеа да се запише во листата со стрелците, неговиот клуб урна светски рекорд.

Единствениот гол беше дело на Саму Кошта, со што серијата на последователни натпревари на кои Ал-Наср постигнува гол се искачи на 100 – што претставува светски рекорд.