Фудбал

ЕДЕН КЛУБ ВЕЌЕ ОБЕЗБЕДИ МЕСТО ВО НОКАУТ-ФАЗАТА, НО НЕКОЛКУ ГИГАНТ СТРАВУВААТ

Синоќа се комплетираше петото коло во фудбалската Лига на шампиони, а состојбата на табелата станува многу појасна. Според досега освоените бодови, некои од европските великани не играат според планираното, па малку е чудно да се гледа Баерн Минхен на 15-тата позиција со само осум освоени бодови.

Уште полоша е ситуацијата кај Атлетико Мадрид кој и Манчестер јунајтед кои со по седум бодови се на 18 и 19 место на табелата. Италијанската Рома е дури на 25 место со само пет бодови и моментално е на позиција која не носи презимување во елитата.

И додека некои великани се борат за подобар пласман на табелата, еден клуб веќе може да размислува за следната фаза од натпреварувањето, односно веќе обезбеди место во нокаут фазата. Тој клуб е Реал Мадрид, единствениот тим со совршен учинок по пет натпревари. „Кралскиот клуб“ ги освои сите 15 бода и веќе си обезбеди најмалку место во разигрувањето (плеј-офот), бидејќи не може да заврши подолу од 24-тото место.

Сепак, малку е веројатно дека на Реал ќе му биде потребна дополнителна рунда за пласман меѓу најдобрите 16. Со оглед на досегашните резултати, тимот од Мадрид е на добар пат да ја заврши лигашката фаза меѓу првите осум екипи, со што би обезбедил директен влез во осминафиналето.

Веднаш зад Реал, на второто место на табрлата е ПСЖ со 13 бода. Светците  се само вториот тим во натпреварувањето кој сè уште нема претрпено пораз. Екипите на Комо, Барселона, Ливерпул и Бетис имаат по 12 бода, додека Арсенал има 11. Манчестер Сити, Спортинг и Борусија Дортмунд моментално имаат по десет бода.

Шестото коло од Лигата на шампионите е закажано за 8 и 9 декември.