ФАБРЕГАС ПРИЗНА ДЕКА ГИ ГЛЕДА СИТЕ НАТПРЕВАРИ НА БАРСЕЛОНА
Објавено на: 25.11.2026
Сеск Фабрегас е едно од имињата што се поврзуваат со тренерската иднина на Барселона. Шпанскиот стратег, кој бележи одлични резултати на клупата на Комо, признава дека сè уште внимателно ги следи случувањата во својот поранешен клуб.
„Не пропуштам ниту еден натпревар на Барселона. Пред неколку дена се подготвувавме за дуелот со АЕК, а јас на телефонот го гледав натпреварот на Барса. Моите асистенти мораа да ме потсетуваат дека имаме важен меч пред нас“, откри Фабрегас.
Поранешниот играч на каталонскиот клуб е меѓу потенцијалните кандидати за тренерската позиција во иднина, иако Ханси Флик има договор до летото 2028 година. Евентуалното отсуство на трофеи би можело да отвори прашања за неговата иднина.