Фудбал

ГВАРДИОЛА: РОНАЛДО НЕ ГО ЗАСЛУЖИ ОВА, ГРЕШКАТА МОРА ДА БИДЕ ИСПРАВЕНА

Кристијано Роналдо си замина од португалската репрезентација на неславен начин. Фудбалерот кој е светски рекордер по бројот на настапи и дадени голови во репрезентативен дрес, си замина на скандалозен начин. Роналдо беше разочаран кога не доби шанса да игра за Португалија и си замина, а потоа реши дека веќе нема потреба да игра за националниот тим.

Едноставно Роналдо влезе во судир со селекторот Жорже Жесус, а потоа кога доби понуда да одигра проштален натпревар, легендарниот Португалец оди. Според еден од најдобрите тренери на денешницата Пеп Гвардиола, Роналдо згрешил што не прифатил да му организираат последен натпревар.

„Фудбалската федерација на Португалија мора да се погрижи Кристијано Роналдо да добие достојно збогување. Двете страни треба да вложат напор за да најдат решение. Тој не смее вака да ја напушти репрезентацијата, не смеат да дозволат да си замине на таков начин. Тој е значајна личност – не само за себе и за Португалија, туку и за генерации португалски фудбалери“, изјави Гвардиола во подкастот кај Бразилецот Ромарио.

Тој нагласува дека треба да се покаже некаков вид на благодарност за сè што постигнал Роналдо.

„Мораат да сфатат дека Кристијано заслужува да си замине под свои услови. Мораат да најдат решение за оваа ситуација и да ги поправат работите. Дали ќе одлучат да го направат тоа или не, не е моја работа, но сметам дека треба. Она што тој го постигна во светот на спортот заслужува поинаков крај. Треба да се организира прослава на која тој ќе може да ја почувствува љубовта на своите сонародници, и треба да се покрене иницијатива која ќе покаже дека е време да се сврти нов лист. Нечија цела кариера не смее да се оценува врз основа на последниот месец или два, само затоа што дошло до несогласување или недоразбирање со одредени поединци. Тоа е кариера полна со достигнувања – кариера што заслужува да биде зачувана и одбранета. Големите играчи, кои стигнале до самиот врв во овој спорт, заслужуваат да си заминат низ главната врата.“, рече Гвардиола околу ситуацијата во која се најде Роналдо по недобивањето чест да замине како што заслужува од репрезентацијата на Португалија.