Фудбал

ГОЛЕМА ЧЕСТ: ЧЕФЕРИН ДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ ДА ЈА ГЛЕДА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, вечерва во Скопје ќе го следи натпреварот Македонија – Словенија од Лигата на нации. Чеферин дојде на покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, кој денеска прославува 57-ми роденден.

Чеферин е Словенец и ќе навива за своите, но голема чест е за ФФМ што одбра да дојде тука, наместо на пример да го следи дуелот Германија – Холандија кој е дерби на вечерва во елитната Лига на нации.