НА РОНАЛДИЊО МУ СЕ ИГРА И НА 46-ГОДИШНА ВОЗРАСТ: „ТУКА СУМ АКО МЕ ПОВИКААТ“
Објавено на: 16.11.2026
Роналдињо не ја исклучува можноста да ја продолжи кариерата во Равена, откако по 11 години повторно одигра официјален натпревар. Бразилецот настапи во првото полувреме од дербито против Форли, во кое неговиот тим славеше со 2:0.
На 46-годишна возраст, Роналдињо призна дека 45-те минути му поминале пребрзо, а на прашањето дали повторно ќе заигра, остави отворена можност за продолжување.
„Сè зависи од претседателот. Ако ме повика, ќе се вратам. Играњето ме прави среќен. Прекрасно е повторно да ги доживеам тие моменти во соблекувалната“, изјави Бразилецот.
„Фудбалот е најубавото нешто што сум го имал во животот“, додаде тој.
Роналдињо потпиша за Равена во јуни.