РОНАЛДИЊО ПО ПАУЗА ОД 11 ГОДИНИ ПОВТОРНО ЗАИГРА, НО НЕ ЈА ИСПОЛНИ МИСИЈАТА
Објавено на: 15.11.2026
Еден од најдобрите фудбалери во светот во 21 век, Роналдињо Гаучо, по пауза од 11 години повторно се врати на теренот. Легендарниот Бразилец го облече дресот на италијанскиот третолигаш Равена и беше во стартниот тим на дуелот против Форли.
Тоа беше прво појавување на Роналдињо на теренот на професионален меч по пауза од неверојатни 4.068 денови. Тој немаше играно од 2015 година кога последен пат настапи за Флуминезе. Како една од главните причини за враќање на теренот на Роналдињо беше обидот тој да постигне гол, за да стигне до јубилејеен 300 погодок во кариерата. Бразилецот кариерата ја заврши со 299 погодоци, па едноставно посакува да го постигне 300-тиот гол.
Денеска, Роналдињо ги одигра првите 45 минути, кога Равена водеше со 1:0. На полувреме Роналдињо остана во соблекувалната, а на негово место во игра влезе речиси двојно помладиот Матео Маџо.
Легендарниот Бразилец не го даде посакуваниот погодок, но порача дека ова можеби и не беше негов последен меч: „Му реков на претседателот на Равена дека ако сум потребен на тимот, јас сум тука да помогнам“.