АРДА ЃУЛЕР НЕ САКА ДА ОСТАНЕ ВО РЕАЛ, ОД ПСЖ МУ ПОНУДИЛЕ ТРИ ПАТИ ПОГОЛЕМА ПЛАТА
Објавено на: 12.11.2026
Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер ја одбил понудата за продолжување на договорот со Реал Мадрид, а Пари Сен Жермен покажува сè поголем интерес за овој млад фудбалер кој се очекува во иднина да биде голема ѕвезда. Според турскиот портал „Ајансспор“ Реал му понудил на 21-годишниот играч од средниот ред годишна плата од осум милиони евра, а фудбалерот не прифатил.
Турските медиуми наведуваат дека понудата вклучувала договор со важност до 2035 година и откупна клаузула во висина од 800 милиони евра. Според истите извори, ПСЖ би можел да му понуди на Ѓулер околу 22 милиони евра годишно што е речиси три пати повеќе од она што го понуди Реал. Наводно, Светците се подготвени да му плати на Реал и отштета за трансферот во износ од 200 милиони евра.
Интересот на ПСЖ за Ѓулер не е нов, затоа што уште во август се појавија информации за понуда од 115 милиони евра, која Реал не ја прифати. Реал Мадрид сè уште нема дадено коментар за овие шпекулации. Во случај на трансфер, корист би имал и Фенербахче, бидејќи клубот има право на 20 отсто од секоја идна продажба на играчот.
Ѓулер премина во Реал од Фенербахче во јули 2023 година, за сума од приближно 20 милиони евра.