ПОКЕТИНО ЌЕ ГО ВОДИ ТИМОТ НА САД НА УШТЕ ДВА МЕЧА, А ПОТОА СЕ СЕЛИ ВО МАНЧЕСТЕР
Објавено на: 12.11.2026
Манчестер јунајтед одлучи да го смени Мајк Карик и нов менаџер да им биде актуелниот американски селектор, Аргентинецот Маурисио Покетино.
Црвените ѓаволи почнаа преговори со фудбалскиот сојуз на САД околу висината на отштетата која треба да им ја платат за Покетино, се шпекулира со сума од околу 10 милиони долари.
Според најавите на англиските медиуми, Јунајтед нема ништо против ако Покетино ја води репрезентацијата на САД за време на натпреварите со Хаити на 14. и 18. ноември, од четвртфиналето во Лигата на нации на КОНКАКАФ зоната, а потоа да му се приклучи на клубот.
И Американците веќе бараат нов селектор, кандидати за функцијата се големи имиња како Пеп Гвардиола, Роберто Мартинес и Анге Постекоглу.