ХАНСИ ФЛИК Е ТРЕНЕРОТ СО НАЈДОБАР ПРОЦЕНТ НА ПОБЕДИ ВО ИСТОРИЈАТА НА БАРСЕЛОНА
Објавено на: 01.11.2026
По двата порази во дерби дуелите против Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, екипата на Барселона синоќа повторно се врати на триумфите, откако убедливо со 6:1 славеше на „Камп Ноу“ против Алавес во меч од 11. коло на Примера дивисион. По оваа победа, Барселона се врати на врвот на табелата со 30 бодови, два повеќе од Атлетико Мадрид. Трет е Реал Мадрид кој вечерва гостува кај Реал Сантандер и со евентуален триумф ќе дојде до 27 бодови.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик беше задоволен од високата победа над Алавес и се надева дека неговите избраници и во иднина ќе продолжат во тој стил.
„Успеавме да го неутрализираме противникот. Очекувавме да с ебрани цврсто и да нѐ нападне преку контра напади. многу сум задоволен, посебно од покажаното во првото полувреме“, рече Флик, чиј тим водеше со 4:0 на полѕвремето против Алавес.
Оваа победа беше јубилејна 100-та за германскиот стратег откако е седнат на клупата на каталонскиот гигант. Флик откри кој триумф го смета за можеби најдраг откако е седнат на клупата на шпанскиот првак.
„Не сакам да гледам назад, но секако дека исклучително сум среќен што стигнав до 100 победи. Се надевав дека ќе стигнам до 100 меча да бидам тренер во Барселона, а сега има 100 победи. Можеби најубавиот спомен ми е првиот триумф на Ел Класико во Мадрид, но секако дека имаше и други многу важни победи“, додаде Флик на кого му беа потребни само 131 натпревар за да стигне до 100 победи.
Интересно е дека Флик е тренерот со најдобар процент на победи во историјата на Барселона. До 100 победи стигна по само 131 одигран меч и има 76,33 отсто успешност.
