КАРИК ЈА „НАЈДЕ“ ПРИЧИНАТА ЗА ПОРАЗОТ ОД ЧЕЛЗИ
Објавено на: 31.10.2026
Карик е разочаран и од начинот на кој неговиот тим го примил првиот гол, но смета дека Јунајтед бил подобар во првото полувреме и заслужил да има предност.
„Имав чувство дека треба да водиме на полувремето. Сепак, натпреварот ни избега од контрола. Првиот гол што го примивме не беше добар од наша страна, а потоа не успеавме да се вратиме на играта од првиот дел“, изјави Карик.
Тој посебно го истакна значењето на црвениот картон за Мартинес, оценувајќи дека станува збор за момент со огромно влијание врз натпреварот.
Менаџерот се осврна и на ударот на Брајан Мбеумо во пречката, со кој Јунајтед можеше повторно да се врати во игра.
„Тоа веројатно беше моментот што го сумираше целиот натпревар. Беше одличен удар и да завршеше со гол, повторно ќе бевме целосно во мечот“, додаде Карик.