Фудбал

Роналдо им се заблагодари на фановите за признанието „Златна топка на сите времиња“

Португалската фудбалска суперѕвезда, Кристијано Роналдо, преку социјалните мрежи се огласи за да ја изрази својата благодарност за првото место во гласањето за наградата „Златна топка на сите времиња“.

Иако за победата не доби никаква официјална награда, Роналдо е задоволен што го освои првото место во онлајн гласањето. За најдобра Златната топка во историјата беше изгласана неговата од 2008 година.

Фудбалот им припаѓа на навивачите. Ви благодарам на сите навивачи ширум светот. Златната топка на сите времиња е исто така и ваша, порача португалскиот репрезентативец.