Фудбал

НА ПСЖ МУ ЗАКАЖАА МЕЧ ВО ВРЕМЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА „ЗЛАТНАТА ТОПКА“

Францускиот и европски првак, Пари Сен Жермен, се најде во непријатна ситуација откако по барање на париската полиција, беше одложен дерби дуелот од француската Лига 1 против Лион. Наместо в недела, мечот ќе се игра в понеделник од 20.30 часот на стадионот „Парк на принцовите“.

Причината за ова се очекуваните масовни протести во француската престолнина викендов. 

Проблемот е што новиот термин на одигрување на натпреварот се совпаѓа со доделувањето на „Златната топка“ за 2026 година кое ќе се одржи во Лондон. Дури 10 фудбалери на ПСЖ се кандидати за наградата која лани ја доби Усман Дембеле и наместо во Лондон тие ќе треба да бидат во Париз и да играат. Но, Дембеле е повреден и нема да игра против Лион, па можеби би можел да се појави на церемонијата.