Фудбал
УЖАСНИ ВЕСТИ ЗА ПСЖ И ПОКРАЈ ПОБЕДАТА НАД БАРСЕЛОНА
Објавено на: 21.10.2026
Пари Сен Жермен ја совлада Барселона со 4-2, но триумфот беше засенет од повредите на неколку играчи на ПСЖ, во прв ред Хвича Кваратскелија, кој веројатно заработи тешка повреда на коленото по контакт со Чави Еспарт.
Ако се потврдат лошите прогнози, на Грузиецот му претстои долга пауза до крајот на оваа сезона.
Кваратскелија беше клучен играч за ПСЖ во освојувањето на Лигата на шампионите претходните две сезони.