Фудбал

ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ ВЕЌЕ НЕ Е СОВЕТНИК ВО МИЛАН

Поранешниот славен шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ, повеќе не е на оперативна улога во клубот, објавија италијански медиуми,

Одлуката е на самиот Швеѓанец или на сопственикот на клубот, Џери Кардинале, а тренер Рубен Аморим немал апсолутно никаков глас во врска со ова прашање.

Ибрахимовиќ беше советник на Кардинале од летото 2024 година. Легендарниот фудбалер ќе продолжи да ги исполнува своите обврски кон компанијата во сопственост на Кардинале бидејќи има петгодишен договор во вкупен износ од 5 милиони долари, но нема да биде директно вклучен во оперативните и спортско-техничките работи на Милан.

Во изминатите неколку месеци, Швеѓанецот речиси го прекина своето присуство во базата на клубот откако влезе во сериозен конфликт со претходниот тренер Масимилијано Алегри.