МАКЕДОНИЈА ПРОФИТИРА ОД СКАНДАЛОТ НА СП 2026, ФИФА ПРИЗНА ДЕКА ЗГРЕШИ, НО НЕ СЕ КОРЕГИРАШЕ
Објавено на: 23.09.2026
Македонската фудбалска репрезентација ги прави последните подготовки пред првиот меч од Лига на нации против Швајцарија во Скопје. Гостите се големи фаворити, но факт е дека на арената „Тодор Проески“ ќе настапат без двајцата најдобри фудбалери.
Капитенот Гранит Џака мака мачи со нефидбалски проблеми и нема да игра во Скопје, додека првата опција во нападот Брил Емболо нема да настапи против Македонија поради суспензија. Интересно е дека Емболо суспензијата ја заработи на последниот меч од Светското првенство, во четвртфиналето против Аргентина.
Тогаш, Швајцарија израмни против Аргентина на 1:1 и се изборија за дополнитени 30 минути игра, но немаше сили да парира, откако Емболо доби црвен картон, односно беше исклучен поради добивање на втор жолт картон во 72 минута. Вториот жолт картон Емболо го доби поради симулација, односно таканаречен погрешен идентитет.
Сепак, подоцна ФИФА и судиската комисија ИФАБ признаа дека неговиот црвен картон беше грешка на ВАР протоколот, но сепак, автоматската суспензија од еден натпревар остана на сила. Швајцарија по дуелот против Аргентина нема играно ниту еден меч, па Емболо суспензијата ќе ја „одлежи“ токму на гостувањето во Скопје против Македонија.