МОДРИЌ КАКО ДА Е ОД ДРУГА ПЛАНЕТА, НЕВЕРОЈАТНА СТАТИСТИКА НА 41-ГОДИШНИОТ ВЕТЕРАН
Објавено на: 21.09.2026
Милан со 3:0 го победи Лече во меч од италијанското првенство, а иако не постигна гол, во фокусот на вниманието беше ветеранот Лука Модриќ. Иако пред две недели наполни 41 година, Модриќ покажува дека е клучен фудбалер во играта на Милан.
Против Лече, Модриќ на теренот помина 76 минути, период во кој Милан стигна до предноста од 3:0, за потоа Хрватот да биде заменет во финишот. За тоа како одигра Модриќ и колку е тој важен во играта на Росонерите покажуваа бројките кои се неверојатни посебно за ветеран.
За 76 минути поминати на теренот, Модриќ имаше вкупно 107 допири со топката. Имаше 88 прецизни додавања од 93 обиди, што преставува 95 отсто успешност. На противничката половина имаше 27 успешни додавања од 30 обиди. Кога се работи за долги топки, Хрватот имаше седум успешни додавања од осум обиди.
Модриќ исто така забележа едно клучно додавање и создаде една голема шанса. Тој имаше 33 ситуации со „носење на топката“, три пресечени топки и седум освоени топки, при што доби три од осумте дуели на земја и два од четирите воздушни дуели.
Едноставно Модриќ е „моторот“ на Милан, a италијанскиот гигант уште еднаш се увери колку многу зависи од играта на еден 41-годишник на теренот.