ДАЛИ ИНТЕР ЌЕ ИМ ГО „ЛАПНЕ“ КЕСИ НА МИЛАН ЗА ИЧ ПАРИ?
Објавено на: 12.10.2021
По преминот на Хакан Чалханоглу од Милан во Интер за 0 евра, медиумите од Апенините најавуваат нова реприза но овој пат со Франк Кеси во главна улога.
Преговорите меѓу играчот за врска од Брегот на слоновата коска и Миланезите се во ќорсокак, откако неговите барања ни од далеку не се прифатливи за Милан. Според Кориере дела сера, агентот на Кеси веднаш преминал на планот Б, а тоа е контакт со еден од најголемите ривали, комшиите Интер.
Но од таму високите барања од 8 милиони евра по сезона се чини дека ќе бидат превисоки и за нероаѕурите кои се соочуваат со огромна финансиска криза, поради која беа продадени Хакими и Лукаку летово. Според најавите, нероаѕурите го посакуваат Кеси во својот тим за 0 евра оштета, но доколку платата биде намалена на дополнителни 3 милиони евра односно 5 милиони евра по година.
Дали овој трансфер ќе се реализира летово останува да видиме, а доколку Милан не успее да го продаде Кеси во Јануари тогаш тој би си заминал бесплатно како Чалханоглу и Донарума од Сан Сиро.