Фудбал

СТОЛЕ И ДРУГАРИТЕ ЕДВАЈ ИЗВЛЕКОА ЖИВА ГЛАВА (ВИДЕО)

Валенсија минува низ исклучително тежок период, а ситуацијата по последниот натпревар против Барселона целосно ескалираше. Тоа што се случуваше пред „Месталја“ покажа колку се незадоволни навивачите од актуелната состојба во клубот.

По натпреварот против Барселона (0-5), голем број приврзаници на Валенсија останаа во близина на стадионот, а според информациите од Шпанија, се собрале околу три илјади фанови.

 

Нивното незадоволство беше насочено кон тренерот, фудбалерите, но и кон сопствениците на клубот, односно луѓето кои навивачите ги сметаат за одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Валенсија.

 

Атмосферата беше исклучително тензична, а од собирот можеле да се слушнат бројни извици против раководството на клубот и тимот.

Една од пораките која најгласно се повторувала била: „Нема да излезете!“

Ситуацијата станала доволно сериозна што полицијата морала да интервенира и да постави безбедносен кордон околу просторот во кој биле собрани навивачите.

На Столе Димитриевски и на соиграчите очигледно не им е лесно во овој период на стартот од сезоната.