Фудбал

ДАДЕ ГОЛ ПРОТИВ ЧЕЛЗИ, НО СИТЕ СЕ ЧУДЕА ЗА ТОА КОЛКУ ГОДИНИ ИМА

Младиот 20-годишен фудбалер на Брајтон, Малик Јалкује постигна гол против Челзи и стана интернет сензација, но не поради неговиот погодок, туку поради изгледот. Вистинска дебата се разви околу тоа дали Јалкује навистина има само 20 години.

Ваквите шпекулации не се невообичаени кога станува збор за млади африкански фудбалери, но во случајот на Јалкује, постои многу поедноставно објаснување за неговиот изглед.

Јалкује има проблем со хронична алопеција, или долготрајно опаѓање на косата. Алопецијата може да има различни причини и да се појави во многу форми. Андрогената алопеција, позната и како машка ќелавост, е една од најчестите форми.

Исклучително брз фудбалски развој има Јалкује. Минатото лето пристигна во Брајтон од шведскиот тим ИФК Гетеборг за околу шест милиони фунти. Интересно е што само неколку месеци претходно Гетеборг го купи тогашниот тинејџер од АСЕК Мимозас за само 400.000 евра, што значи дека Гетеборг набрзина заработи преку 5,5 милиони фунти.