Фудбал

АРГЕНТИНА САКА ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ДРЕСОТ СО БРОЈОТ 10, ФИФА НЕ ДОЗВОЛУВА

Откако Лионел Меси официјално се пензионираше од репрезентацијата на Аргентина, а неговиот легендарен дрес со број 10 сега го чека својот нов сопственик.

Кандидати се Нико Паз, Алексис Мекалистер, Енцо Фернандез…

Многу луѓе во Аргентина бараат овој број да се повлече. Но, желбата не е толку лесна за исполнување.

Правилата на ФИФА категорично не дозволуваат број да се повлече од употреба во нејзините натпреварувања. На пример, на Светското првенство, ФИФА бара нумерирањето да биде од 1 до 26, без да се пропушти ниту еден број. Затоа желбата на Аргентинците се судира со правилата на светската федерација.

Во 2001 година, АФА, по иницијатива на нејзиниот тогашен претседател Хулио Грондона, едногласно гласаше за повлекување на бројот 10 во чест на Диего Марадона. Ова требаше да се случи пред Светското првенство во 2002 година. Но, ФИФА категорично не го дозволи тоа и на крајот Ариел Ортега го носеше овој број на Мундијалот во 2002 година.