Фудбал

ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: СПОРЕДБАТА МЕЃУ ХРВАТСКИОТ И СРПСКИОТ КОМЕНТАТОР СТАНА ВИРАЛНА

Поразот на Хрватска од Англија со 4-2 на стартот од Светското првенство донесе бројни реакции меѓу навивачите, но една снимка посебно се издвои и за кратко време стана вирална на социјалните мрежи.

Станува збор за видео во кое се споредуваат реакциите на хрватските и српските коментатори за време на головите што ги постигнаа „коцкестите“ во спектакуларниот натпревар одигран во Далас.

Иако Хрватска на крајот остана без бодови, избраниците на селекторот покажаа карактер и двапати се враќаа од негатива. Најпрво Мартин Батурина со прекрасен погодок израмни на 1-1, а потоа Петар Муса погоди за 2-2 длабоко во судиското продолжение на првото полувреме.

Токму овие два гола предизвикаа најголеми емоции кај коментаторите.

Додека хрватските телевизии очекувано со голема еуфорија ги прославија погодоците на својата репрезентација, вниманието на јавноста го привлече реакцијата на српскиот коментатор, кој со ист ентузијазам ги проследи головите на Хрватска.

@balkansport4k

Engleska vs Hrvatska 4:2 Reakcija Balkanskih komentatora 17.6.2026

♬ izvorni zvuk – balkansport4k

Многумина на социјалните мрежи забележаа дека неговата реакција звучела како да навива за Хрватите, а дел од корисниците дури и го пофалија за професионалниот пристап и за уживањето во самиот фудбал, без оглед на тоа која репрезентација постигнува погодок.

Видеото за кратко време собра илјадници прегледи и коментари од навивачи низ целиот регион. Дел од нив истакнаа дека токму ваквите моменти покажуваат дека добриот фудбал може да ги надмине ривалствата и поделбите, додека други едноставно уживаа во емоциите што ги предизвика натпреварот.

Иако Англија на крајот стигна до победа, а Хрватска остана без бодови на отворањето на Мундијалот, една работа е сигурна, реакцијата на српскиот коментатор стана една од најсподелуваните снимки поврзани со овој натпревар.

Погледнете го видеото и проценете сами зошто предизвика толку големо внимание кај љубителите на фудбалот во регионот.