ЖАНКО ДВАПАТИ ПОБЕДУВА ВО ТРКАТА ЗА 1.000 ЕВРА И КОНЕЧНО НИ ЈА ОТКРИ ТАЈНАТА
Објавено на: 20.02.2025
Старата народна вели дека парата на пара оди, а Жанко Савов е класичен пример дека тоа е апсолутно точно.
Поранешниот фудбалер на лутите ривали Вардар и Пелистер своето раскошно искуство од зелениот тепих го пренесе во нашата обложувалница, па како вистински голгетер и мајстор на својот занает на двапати погоди во акцијата „Уплати 1, земи 1.000 евра“. Жанко беше победник во две последователни етапи, па редно беше да се слушне неговата приказна како успеа да биде подобар од останатите.

Промотивната акција му се погоди како нарачана, бидејќи секогаш играл повеќе парови на помал коефициент. Првиот добитен тикет со 15 пара му донесе дополнителна добивка, а неколку недели подоцна Жанко погоди уште еден тикет, овојпат доволни му беа 13 пара за плус 1.000 евра.
Па, Жанко, раскажи ни како стигна на двапати едно по друго да бидеш победникот во нашата аткрактивна акција?
Искрено, немам некоја посебна тактика. Секогаш играм долги тикети со многу парови и со помали коефициенти. Условите во акцијата се погодија токму на мојот стил, па ги истресов од ракав што се вели. Секако, треба да се има и среќа во вакви случаеви кога се играат долги тикети.
Како се случи да се приклучите во акцијата?
Кај вас многу често има ваков тип на акции и секогаш се трудам да бидам активен за време на истите, покрај тоа што редовно играм во Златна Копачка. И не само кога акцијата е за фудбалски натпревари, се пробав и со акцијата за ракометот, но немав многу среќа минатиот месец. Оваа акција многу повеќе ми одговара поради Лигата на шампионите, сепак тоа е натпреварување кое сите го следат и знаат што се случува.
Се држите до некоја типстерска филозофија?
Па, искрено не. Едноставно го гледам парот и типувам тоа што мислам дека ќе биде. Верувам на својата интуиција, а исто и искуството што го имам ми помага. Секако ги следам и првенствата, па по некоја претпоставка и следење на формата на екипите доаѓам до некој заклучок како би се одвивале натпреварите. Почесто типувам голови бидејќи потешко се погодува фикс.
Ќе има ли и трета среќа до крајот на акцијата?
Засега немам добитен тикет во етапа 10. Вчера бев блиску, чекав гол да падне на мечот меѓу Дортмунд и Спортинг, но судијата поништи еден… Тоа докажува дека некогаш навистина треба да се има и среќа, без разлика колку го познавам фудбалот. Навидум беше многу лесно да се погоди дека Дортмунд ќе даде гол, но ете.
Што ќе им порачате на останатите играчи, зошто да играат во Копачка?
Редовните акции кои се доста интересни се она што нѐ привлекуваат. Токму оваа акција е за играње на среќа, со мал влог да добиеш добра сума. Па, нека повелат и останатите на спортско и фер типување.
Жанко кажа многу, повеќе од доволно да се уверите дека ви ги нудиме најголемите шанси за одлични добивки и супер подароци. Нему му посакуваме многу среќа и во останатите етапи од акцијата „Уплати 1, земи 1.000 евра“, а вам ви препорачуваме да се потрудите да стигнете до дополнителна добика, токму по примерот на господинот Савов.