Фудбал

ДРЕЈК СО 300 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ СЕ ОБЛОЖИ НА ПОРАЗ НА МЕСИ И АРГЕНТИНА

Мегапопуларниот хип-хоп артист Дрејк, стави влог од 300 илјади долари за победа на неговата Канада против Аргентина во полуфиналето на Копа Америка.

Популарниот пејач е убеден дека Канаѓаните иако дебитанти на јужноамериканското првенство, стигнаа до завршницата на турнирот и можат да се пласираат во битката за трофејот, доколку го елиминираат бранителот на титулата.

Дрејк го одмина фактот што Аргентина е голем фаворит против брзоногите Канаѓани, но сепак смета дека репрезентацијата на неговата родна земја ќе успее да изненади.

Toj инаку е познат по ваков тип на облози, Дрејк се има кладено на фудбал, кошарка, хокеј и уште многу други спортови, но ретко бил на победничката страна.