ЈУНАЈТЕД ГО КРАДЕ ФРАНЦУСКИОТ ТАЛЕНТ ОД РАЦЕТЕ НА КРАЛОТ?
Објавено на: 09.07.2024
Според повеќе извори од Франција, Лил ја прифати понудата на Манчестер јунајтед од 50 милиони евра плус бонуси за Лени Јоро, талентираниот стопер по кого полудува пола Европа.
Црвените ѓаволи се самоуверени дека можат да го комплетираат трансферот иако Јоко го даде својот збор на Реал Мадрид во исчекување Кралевите да испратат понуда до Лил за неговите услуги. Но, се чини дека на управата на Данските доги не им се чека повеќе, односно потребни им се финансии за да ја освежат екипата, а токму тоа ќе може да го остварат по продажбата на еден од најперспективните централни дефанзивци моментално.
Јоро претходно прифати договор на шест години понуден од Реал, додека не е познато дали неговиот агент ќе отпочне преговори со Манчестер јунајтед, без разлика што Лил ја прифати понудата на англискиот гигант.
Јоро посакува да биде дел од француската колонија на „Сантијаго Бернабеу“, што е негов сон, но останува да се види за Црвените ѓаволи ќе успеат да го предомислат.