Фудбал

НАВИВАЧИТЕ НА БАЕРН СО ПЕТИЦИЈА ЈА УБЕДУВААТ УПРАВАТА ДА НЕ ГО ПРОДАДЕ ДЕ ЛИХТ

Речиси 60.000 потписи се собрани за неколку дена по покренатата петиција од страна на навивачите на Баерн Минхен со иницијатива клубот да го задржи Матајс Де Лихт.

Управата на Баварците му дозволи трансфер на холандскиот стопер ова лето и веќе на големо се споменува потенцијалната преселба во редовите на Манчесте јунајтед, меѓутоа фановите сметаат дека продажбата на Де Лихт ќе биде голема грешка.

„Де Лихт е дефанзивец од светска класа, многу веројатно и најдобриот кој го имаме во составот. Пред него е долга и ветувачка иднина, Матајс е фудбалер со многу зрелост и менталитет за восхит за негови години“, стои во соопштението по кое се води петицијата.

Дали ќе биде погрешен потег доколку Баерн го продаде Де Лихт. ќе покаже само времето.