Тенис

ЃОКОВИЌ Е КАКО СТАРО ВИНО

Бројките кои се зад неговото име, покажуваат дека српскиот тенисер е најдобриот во историјата на негова возраст, а тој воедно е во обид да им ја украде сета слава на Федерер и Надал.

Ако успее да ги (пре)стигне според бројот на освоени Грен слем титули, Новак Ѓоковиќ и формално ќе докаже дека е резултатски најголемиот играч во историјата на белиот спорт.

Да не заборавиме дека денеска почна Вимблдон, турнирот на кој не игра Надал, Федерер е во втро план, а Ѓоковиќ, ако победи може да се изедначи со нив со по 20 големи пехари.