Фудбал

ЛИЛ ИМЕНУВА ТЕРЕН ВО ЧЕСТ НА АЗАР, А ТОЈ ПОРАЧА: ТУКА НЕМА ВЕЖБАЊЕ ВО ТЕРЕТАНА, САМО КРШЕЊЕ ЗГЛОБОВИ (ВИДЕО)

Во Лил беше доста забавно изминатиов викенд за време на дуелот против Рен, но и пред тоа. Францускиот клуб ја пречека својата легенда, Еден Азар, со транспаренти и кореографија од страна на навивачите. Тоа беше во чест на нивниот најдобар производ од академијата и човекот кој во два наврати ги водеше Данските доги до титулата во Лига 1, при тоа закитувајќи се со бројни индивидуални награди пред преселбата во Челси.

Воедно, Лил се реши да го овековечи делото на Азар со именување на еден од терените од клупскиот тренинг центар во „Еден Азар“. Церемонијата се одвиваше со говор на поранешната белгиска ѕвезда и откривање на негов мурал.

 

„Само едно нешто ќе им порачам на сите што ќе тренираат на овој терен, кој се вика „Еден Азар“. Тука не смее да се вежба теретана, нема трчање, само играње фудбал и кршење зглобови“, се пошегува Азар.