Фудбал

ГОЛ ШОУ ВО МИЛАНО КАКО РЕТКО КОГА (ВИДЕО)

Гол шоу во Милано по само 45 минути од дуелот меѓу Милан и Славија во кој домаќинте изрдоминираа за водство од 3-1.  Рејндерс и Лофтус-Чик со два брзи гола во финишот од полувремето одговорија на неверојатниот волеј на Дурдера за 1-1 во 36-тата минута, откако гостите веќе извесно време играа со 10 фудбалери на теренот по црвениот картон кој го заработи младиот Диуф.

Чешкиот играч за врска од прва перфектно ја потфати топката по една одбиена и го матира Мањан, но разликата од играч помалку на теренот се почувствува,  ситуација која Росонерите ја искористија максимално со бравурите на Рејндерс и Лофтус-Чик.

Дека приказната не е завршена, беше голот за 3-2 на Шранц по 15 минути игра во вториот дел.