Фудбал

ПОКЕТИНО НЕ СЕ ПОЗДРАВИ СО БОЛИ, СЕ СПРЕМА ЛИ ОТКАЗОТ?

Челси загуби уште едно куп-финале на „Вембли“, по третпат од Ливепрул или вкупно шест во низа кога се работи за англиските купови. Сините по 120 минути игра не издржаа откако Ван Дајк ја реши средбата во завршните минути, за ново разочарување на веќе катастрофалната сезона за тимот од западен Лондон.

По крајот на мечот, Маурисио Покетино не се поздрави со сопственикот на Челси, Тод Боли. При доделувањето на медалите за учество во финалето, Покетино го одмина американскиот газда, небаре знае дека потфрлил во својата задача и му следува казна.

На Аргентинецот веќе му гори под нозе, навивачите на клубот со нетрпение чекаат негово разрешување, па се поставува прашањето дали овој потег ќе ја прелие чашата кај богатите газди на клубот и ќе воведат промени во стручниот штаб.