Фудбал

ДОРТМУНД ПРИРЕДИ ФАНТАСТИЧЕН ПРЕЧЕК ЗА АФРИКАНСКИОТ ШАМПИОН (ВИДЕО)

Себастијан Халер беше херојот за Брегот на Слоновата Коска со неговиот победнички гол против Нигерија во финалето на африканскиот Куп на Нации. Халер, кој пред извесно време се бореше со рак на тестиси и успеа да закрепне, а со тоа и да се врати на терените, доби на популарност и беше енормно поддржан од страна на неговиот клуб Борусија Дортмунд, во битката за здрав живот.

Сега откако ѝ донесе радост на својата земја, неговите соиграчи одлучија да му приредат пречек каков што доликува. Халер уште на самиот влез во тренинг центарот на Дортмунд беше пречекан со овации и транспаренти, а цел тим пееше и се радуваше во негово име, како што доликува за еден континентален шампион.