ДОДАВАЊЕ НАТПРЕВАР ОД ЕКСТРА ТИП
Од екстра тип можете да изберете само еден натпревар. Исто така натпреварот од екстра тип не можете да го одиграте сингл, туку истиот мора да се врзе со уште најмалку 3 натпревари од билтенот, кои мора да се со коефициент не помал од 1,20.

КОЛКУ ИЗНЕСУВА МИНИМАЛНА УПЛАТА НА ТИКЕТ?
Минималната уплата на тикет изнесува 20 денари.

КОЛКУ ИЗНЕСУВА МАКСИМАЛНИОТ БРОЈ НА НАТПРЕВАРИ НА ЕДЕН ТИКЕТ?
Максималниот број на натпревари на еден тикет изнесува 50.

КАКО ДА ГО ПРОВЕРАМ МОЈОТ ТИКЕТ?
Во горен десен агол до менито за јазици, кликате на проверка тикет и ви се отвора нова страна. Внесувате број на тикет и кликате на провери.

ТЕНИС 3 СЕТ (СУПЕР ТАЈ БРЕЈК)
Во живо, поените од третион сет се сметаат како еден гем, додека пак во класично поените од третиот сет се собираат и и се додаваат на гемовите од првите 2 сета, односно поените од третиот сет се сметаат како гемови.

КАКО МОЖЕ ДА СЕ РЕГИСТРИРАМ?
Во горниот десен агол имате копче регистрација, со клик на копчето ви се отвора регистрациона форма. По успешна регистрација можете веднаш да се логирате без да го чекате маилот за конфирмација.

ПРЕКИНАТИ, ПРЕДАДЕНИ,ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ ОД КЛАСИЧНО ОБЛОЖУВАЊЕ
– Во случај на одложување на еден натпревар од било кои причини, но сепак започне во рок од 72 часа од првичниот предвиден термин за почеток, постигнатиот резултат ќе биде важечки за сите типови на игра.
– Во случај на одложување на еден натпревар од било кои причини, и истиот не започне во рок од 72 часа од првичниот предвиден термин за почеток, за тој натпревар ќе се пресметува коефициент 1 за сите типови на игра
– Во случај на прекин на одреден натпревар од било кои причини, се чека 72 часа за негово доигрување или преигрување, при што натпреварот ќе се регистрира и обработи согласно со постигнатиот резултат од доигрувањето или преигрувањето.
– Доколку пак натпреварот не се доигра или преигра во рок од 72 часа, без разлика на моменталниот резултат или изминатото време од времетраењето на натпреварот се пресметува коефициент 1.

ГО ИЗГУБИВ ТИКЕТОТ. ШТО СЕГА?
Изгубените тикети не се исплаќаат. Имаме законска обврска да ги имаме на увид во архива. Доколку го нема тикетот неможеме да го исплатиме. Сепак изгубениот тикет можете да го пријавите како изгубен, ние ќе го блокираме за исплата и во случај да го пронајдете ке може да ви го исплатиме (доколку не поминале повеќе од 60 дена).

ДАЛИ ПРОВЕРКА НА ТИКЕТ ЌЕ МЕ ИЗВЕСТИ ДОКОЛКУ ИМАМ ВАУЧЕР?
Да, ќе пишува доколку имате право на ваучер.

КОЈА Е МАКСИМАЛНА ИСПЛАТА?
Максимална исплата е 6.000.000.00 денари.

КАКО ДА УПЛАТАМ СИСТЕМСКИ ТИКЕТ?
За да уплатите системски тикет, треба да го изберете вториот таб(Системски Тикет). Може да додадете или одземете систем со клик на “+” и “Recycle Bin” и може да имате максимум четири системи на тикетот. Битен е редоследот и бројот на игрите. Пример за тикет 2/2 и 1/3, првите два натревари ви се 2 од 2 фиксови а од 3 до 5-от тикет ви е комбинација 1 од 3. Во овој случај мора да имате точно 5 натпревати на тикетот. Системот ви ги покажува комбинациите каде “F” е фикс, а доколку системот е навалиден тој е означен со “i”. При уплата на тикетот, добивате преглед на тикетот со минимум , максимум добивка и број на комбинации. Тикетот е снимен само доколку го потврдите тикетот.

ЈА ЗАБОРАВИВ ЛОЗИНКАТА, ШТО ДА ПРАВАМ?
Го кликате копчето логирај се, над копчето логирај се имате со сиви букви “Заборавена Лозинка”, го кликате линкот и ви се отвора поле за внесување на е-маил. На вашиот емаил стига линк за промена на лозинка, кој што мора да го кликнете, инаку нема да ви бидне променета лозинката. Доколку линкот не го добиете во скоро време, проверете во вашиот spam/junk фолдерНовата лозинка е автоматски доделена од системот и нашите оператори не ја знаат. Лозинката можете да ја промените сами во мениито Профил/Промени ЛозинкаДоколку не успеете сами да ја смените лозинката, тогаш ни пишувате емаил на support@zlatnakopacka.mk , нова лозинка не можете да добиете по телефон, нашите оператори немаат можност да ја видат или сменат. 

КОЛКУ ИЗНЕСУВА МИНИМАЛНА УПЛАТА ПО КОМБИНАЦИЈА?
Минимум уплата по комбинација е 1 денар.