Фудбал

ПОЗНАВАТЕ ЛИ НЕКОЈА ОД ЛЕГЕНДИТЕ НА СИТИ?

Актуелниот европски шампион конечно, минатата сезона успеа по многу неуспешни обиди, да се закити со круната со која би требало да стане еден од великаните на европскиот фудбал.

Тимот предводен од Пеп Гвардиола и од арапските милијарди, кој е под истрага за 115 прекршоци од финансискиот фер-плеј, доминира во англискиот фудбал последната деценија.

Ова е споменикот на големите ѕвезди на клубот, кои се викаат Колин Бел, Френсис Ли и Мајк Самерби. Со секоја почит кон овие поранешни фудбалери, познавате ли некое од имињава?