ШТО ПРАВЕЛЕ МАРАДОНА И ЕСКОБАР ВО ЗАТВОР ЗАЕДНО?
Објавено на: 26.11.2023
На 25-ти ноември се навршија 3 години од смртта на најконтроверзниот фудбалер на сите времиња. Ако кажеме најдобар, ќе следи полемика. Вака, ќе кажеме играч кој со својот карактер, на различни начини, беше идол на различни генерации.
Ова е една од изјавите на Диего Марадона:
Во 1991 година, Пабло Ескобар ме повика да играм фудбал со него во затвор. Игравме натпревар и сите се забавуваа. Местото беше како луксузен хотел.
Подоцна се забавувавме со убави девојки. Сето ова во затвор… Не можев да поверувам.
Знаете кој е човекот? До колку вечерта останале будни?
