Фудбал

КАКО СЕ ИНСПИРИРА ЕДНА ЦЕЛА ГЕНЕРАЦИЈА?

Ново чудо во Серија А. Не мора да трае долго, не мора да стане Малдини, не мора да биде светски шампион. Треба само да инспирира една цела генерација италијански деца, да ги следат неговите стапки. Резултатите ќе си дојдат сами по себе.

Франческо Камарда влегува на теренот за Милан против Фиорентина и станува најмладиот дебитант во историјата на Серија А! Италијанскиот напаѓач дебитира на 15 години, 8 месеци и 15 дена.

Паоло Малдини дебитира со 16 години и постави рамка, која понатаму претставуваше столб на институцијата Милан и на италијанската репрезентација. Успесите и континуитетот, говорат за постигнатото и за влијанието.

Што правевме ние на 15 години? Што прават нашите тинејџери? Прашања кои ни се одбиваат од глава, со децении…