Фудбал

ВОЈНАТА БРАЗИЛ – АРГЕНТИНА СЕ РАЗГОРУВА

Пресметката меѓу бразилските полицајци и аргентинските навивачи добива уште едно полувреме, откако индиректно беа инволвирани и фудбалерите. Го видовме дијалогот меѓу Родриго и Меси, кој заврши со заушка за домашниот фудбалер, од далеку поискусниот колега од другата репрезентација.

Ова е ставот на Родриго, за војната која влече корени од многу одамна, а Аргентина низ кулоарите важи за земја во која има многу расисти:

Расистите се секогаш активни. Моите социјални мрежи беа нападнати со навреди и секакви глупости.

Ако не го правиме она што тие го сакаат, ако не се однесуваме како што мислат дека треба, ако носиме нешто што им пречи, ако не ги спуштаме главите кога сме нападнати, ако зафаќаме простор што тие мислат дека е нивен, расистите преземаат акција со сето ова криминално однесување.

Но, немаат среќа, ние нема да запреме!

До каде ќе оди лудилово?