Кошарка

ПАСОТ НА ДОНЧИЌ НИЗ НОЗЕТЕ НА ЛЕБРОН

Еден од најдобрите европски играчи на сите времиња, против еден од најдобрите американски кошаркари на сите времиња. Ова е дуел за кој сонуваат сладокусците на кошарката.

Реално, Лука е премлад, а Џејмс е престар, за да кажеме кој би бил подобар 1 на 1. Затоа, ќе ги сумираме нивните потези и ќе се обидеме да кажеме кој е поубав:

Маверикс победија кај Лејкерс, со 101:104. Дончиќ беше најдобар стрелец со 30 поени, 12 скока и 8 асистенции, а Џејмс како најдобар кај своите имаше 26/9/7. Кого би избрале за вашиот тим – Леброн или Лука?