ГОЛЕМИТЕ ИГАЧИ НЕМААТ ЕГО, САМО МАЛИТЕ ГО ИМААТ
Објавено на: 22.11.2023
За реалната слика на фудбалскиот терен, како и вон истиот, најдобро се дознава од приказните на фудбалерите кои раскажуваат за она што се навистина се случило.
Зборовите на Патрик Виеира го опишуваат Зинедин Зидан:
Франција имаше златна генерација во 1998 година, но Зидан беше посебен благослов. Како и сите играчи, сакав да работам напорно за него. Тој е победник, но беше толку скромен, толку едноставен, толку грижлив кон сите околу него што едноставно ги наведе другите да сакаат да се жртвуваат за него.
Во нашиот базен камп во Клерфонтен имаше одредена навика. По вечерата тој секогаш остануваше и седеше во барот со кафе, на располагање да разговара со кој било играч. Тој не е зборлив тип, но секогаш зборуваше со сите, муабети, покажуваше почит. Ако им давате на луѓето, луѓето ви враќаат. Тој тоа добро го разбра и да бидам искрен, можевме да умреме за него.
Понизноста е причината зошто Зидан е толку голем. Открив дека генерално, навистина големите играчи немаат проблем со своето его. Секогаш малите играчи имаат големо его.
Познавате ли некој голем, односно мал играч?
