ЈАВНОСТА БАШ И НЕ ГО САКА СЕЛЕКТОРОТ ПИКСИ
Објавено на: 20.11.2023
Стратегот кој донесе каква-таква стабилност во играта на нашиот северен сосед и континуитет во пласман на големите натпреварувања, често се наоѓа на отстрел кај одредени симпатизери.

Дел од српската јавност смета дека тој не си ја врши добра работата за која е платен, па истите редовно потсетуваат на неговите зборови:
Ова е најлесната група досега. Сигурно сме на ЕП. Па, нема белким Бугарите да не сопнат, нели?
Ова се само дел од речениците што ги слушнавме во квалификацискиот циклус за ЕП. Резултатот е следниот – два пораза од Унгарија, без триумф на два меча со Бугарија која „пука по шавовите“.

Следува реакција во коментарите на социјалните мрежи:
Да, одиме на ЕП, но без заслуги за истото. Отидовме на СП поради поништен чист гол на Роналдо, сега заминуваме благодарение на заслугите на другите, односно победата на Унгарија против Црна Гора. Очекуваме поголема „брука“ на ЕП отколку на СП.
Има ли вистина во ова, или е само уште една „балканштина“?