Фудбал

РЕАЛ ПОВТОРНО ГИ ПОБЕДИ ПСЖ И ЧЕЛСИ САМО СО ЕДЕН ЧОВЕК

Битката за потписите на младите таленти е секојдневна и неверојатно силна, далеку поинтензивна од она што можеме ние обичните смртници да го видиме „со голо око“.

ПСЖ понуди пакет за Естевао и Ендрик со вредност од 93 милиони евра. Челси ја повика фамилијата на Ендрик во Лондон, да го презентира проектот со кој се обиде да го намами фудбалерот.

Главниот скаут на Реал Мадрид, кој се вика Хуни Калафат (Juni Calafat) e роден во Шпанија, никогаш не стана голем фудбалер, израсна во Бразил и затоа одлично го познава јужноамериканскиот темперамент.

Тој е третата точка од триаголникот што го води клубот, комплетирана од Хозе Анхел Санчез и Флорентино Перез, а тој беше движечката сила зад потписите на Феде Валверде, Винисиус Јуниор и Родриго Гоес. Калафат, од непознат играч се претвори во фудбалски мозок на најпознатиот клуб во светот.